Страшна серија трагедии погоди едно семејство од Дубровник. Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во петокот на обиколницата на Загреб, а уште едно лице е повредено.

Во несреќата загинаа две сестри од Дубровник, претприемачката и косопственичка на компанијата Ловорно, Дубравка Капетаниќ и нејзината сестра Марија Хебиб. И двете оделе на свадбата на нивната внука, јавуваат локалните медиуми.

Во сообраќајна несреќа пред неколку години загинала и мајката на починатите сестри, а во сообраќајни несреќи загинале и сопрузите на двете сестри, пишува Дубровачки вјесник.

Loading...