Сојот под името „А. 30“, кој пролетва беше откриен кај повеќе луѓе во Шведска и во Ангола е речиси отпорен на антитела од вакцина и може да биде нова закана за светот, пишува ИФЛ Наука. Добрата вест е што во моментов во Шведска има само еден заболен, а во Ангола тројца со оваа мутација, а лошата е што баш заради ова Светската здравствена организација уште официјално не го смета за опасност.

„A. 30“ е огранок варијанта од лозата А, која е лоза за која се смета дека е коренот на пандемијата, открива студијата објавена во Nature Molecular. Тој првпат беше откриен во февруари во Танзанија. Вирусот „А. 30“ е значително различен од сродните варијанти Бета (B. 1.351) и Ета (B. 1.525), со повеќе мутации во шилестиот протеин.

Имено, некои од овие „А. 30“ соеви живеат во две посебни места кога се на мета на антителата од вакцината, што укажува на тоа дека вакцината не може да делува толку добро. Подоцна во истражувањето, тоа се покажало точно за вакцините Фајзер и АстраЗенека.

За да откријат колку е опасна оваа варијанта, истражувачите од Гетинген, Германија, користеле повеќе човечки клеточни линии за да проучат колку успешно вирусот може да ги инфицира клетките домаќини, пред да го подложат на антителата.

Во споредба со Бета и Ета соевите, на пример, „А. 30“ има значително поголема моќ во повеќето клетки домаќини, вклучувајќи ги клетките на бубрезите, црниот дроб и на белите дробови, а беше отпорен и на терапија со моноклонални антитела што моментално се применува против коронавирусот.

Останува да видиме што ќе кажат понатамошните истражувања бидејќи за овој сој многу малку се знае.