Во дополнението на полицискиот билтен кој Министерството за внатрешни работи (МВР) го испрати попладнево до медиумите, стои дека вчера околу 18 часот лишен е од слобода 49 годишен маж од скопска Пинтија.

– На 13.04.2023 во 17.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(49) од Скопје, постапувајќи по пријава според која на 12.04.2023 околу 22.00 часот во семејниот дом во населба Пинтија агресивно се однесувал кон неговата сопруга и се заканувал со пиштол, стои во билтенот на МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.