11-годишно момче се удави денеска на плажа во Грција, на островот Фурни, недалеку од Самос. Детето било облечено во костим за капење и маска кога било пронајдено на плажа во близина на пристаништето, пренесуваат грчките медиуми.

Неговата мајка, која води хотел на островот, го барала уште од рано попладне, а за исчезнувањето на момчето ги известила властите во 18 часот и 30 минути.

Веднаш започнала потрагата на полицијата и крајбрежната стража, која завршила трагично бидејќи малолетникот во 20 часот и 30 минути го пронашле нуркачите кога нурнале во водата и го виделе заплеткано во мрежи, два метри под површината на морето.

Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во амбулантата во селото Фурни каде била констатирана смрт, пишува Прототема.