Жена која пешачела вчера загина на крстосницата од улица Коце Металец и сервисна улица, откако на неа налета „ауди А5“.

Полицијата соопшти дека во сообраќајната несреќа која се случила вчера попладне настрадала Б.З. (45) од Скопје.

На неа удрело „ауди А5“ кое го управувал И.С.(46) исто така од Скопје. Б.З. починала на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.