Во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Суботица – Нови Сад, кај Бачка Топола, три лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека седум лица се здобиле со полесни повреди.

Едно дете, пишува Блиц, има сериозна повреда на главата, но неговиот живот не е загрозен и тој е пренесен во Нови Сад.

Од полициското одделение Суботица велат дека сообраќајната несреќа се случила кога возачот на патничко возило БМВ со британски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и предниот дел на возилото поради неприлагодена брзина и услови на патот бидејќи сообраќајот бил густ, удрил во задниот дел од патничко возило од марката „Опел Зафира“ со белгиски регистарски ознаки, кое било запрено во лентата за застанување, поради дефект на возилото.

Повредените се згрижени во болниците во Суботица и Врбас.

Двајца патници од „опел зафира“ и еден сопатник од БМВ се тешко повредени. Седум лица од овие возила имаат полесни повреди.

Како што беше кажано за РТВ од Општата болница во Суботица, шест учесници во несреќата, родители со четири деца, државјани на Белгија со потекло од Македонија, биле пренесени во оваа институција.

Децата и нивниот татко се полесно повредени, додека мајката е потешко повредена, односно се здобила со фрактура на карлицата.

Против возачот на БМВ ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај, во редовна постапка, а тој ќе биде испрашуван како осомничен, по наредба на заменик-обвинител на Основното јавно обвинителство во Суботица.