Увид на местото утрово во семејна куќа во Табановце беа пронајдени двајца сопружници извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.
– Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, соопшти ОЈО.
Мажот пред две недели излегол од затвор
Порталот Македонскли медиа сервис (ММС) од терен дознава дека нема очевидци на настанот, а според информации од мештаните телата ги пронашол нивниот син, кој потоа ја повикал својата баба, која не живеела со нив и која се шокирала од глетката што ја затекнала.
Како што велат мештаните на селото Табановце, сега веќе починатиот маж, пред две недели излегол од затвор, а бил познат на полицијата од претходно по разни инциденти и нас илно однесување.