Петгодишниот Рајан, кој четири дена беше заробен во бунар длабок 32 метри, починал пред спасувачите да стигнат до него, објави доцна вечерва Alarabiya News.

Рајан Аврам во вторникот паднал во бунар во своето село, по што започна голема спасувачка операција која ја следеше речиси целиот свет, а која на крај за жал заврши трагично.

Спасувачите вечерва успеаја да стигнат до него, откако отстранија поголем дел од земјата и ископаа хоризонтален тунел покрај бунарот.

Иако првите информации беа дека момчето е извлечено од тунелот живо и е во стабилна состојба, а дека починало додека му била укажувана лекарска помош на пат кон болница, сепак според последните информации тоа починало пред спасувачите да успеат да го извлечат.

Извлекувањето на детето од бунарот беше дочекано со радосен аплауз, но по само половина час пристигна тажна вест за неговата смрт.