Марк Овермарс изненадувачки си замина од функцијата спортски директор во Ајакс.
Клубот објави дека Овермарс заминува поради однесувањето кое го имал кон колешките, односно им праќал неесодветни пораки. Самиот тој призна дека претерал и ја призна вината со тоа што си поднесе оставка од функцијата.
Сега се објавени нови детали од скандалот.
„Овермарс им испраќаше пораки на некои колешки прашувајќи ги што носат, некогаш одеше и подалеку па испраќаше слики и од неговиот полов орган. Жената која пријави не била прва што добила таква фотографија“, изјавила вработена во Ајакс за холандскиот портал „НРЦ“.
Тие објавија и разговори со 11 сегашни и поранешни вработени, но сите се анонимни затоа што никој не сака да зборува против најуспешниот спортски тим во Холандија.