Снаата, двократен убиец во Кратово досега повеќепати пријавувала физичка загрозеност, објави локалната Телевизија Стар.

Мотивите за двојното убиство во Кратово кое се случи синоќа за полицијата во моментов се нејасни иако во изминатите пет години имало најмалку 4 пријави и поплаки за насилство.

Првото се случило во 2019 година кога била поднесена пријава за загрозена сигурност, а пријавен бил сопругот.

– Во 2023 година, пријава од осомничената за двојното убиство била повторно поднесена, а оваа година поплака исто така од неа имало против свекрвата. Во меѓувреме, во 2020 година, велат наши извори имало уште една пријава, објави локалната ТВ Стар.

Од МВР велат дека полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово.

– Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР.

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на денешниот ден се очекуваат нови детали кои би можеле да фрлат светлина на трагедијата која се случи синоќа.