СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Нови правила за влез на скопскиот аеродром: Во терминалната зграда само со вакцина или негативен тест!

ТАВ Македонија го смени Протоколот за управување со аеродромите во време на пандемија откако Владата донесе нови мерки и препораки за заштита од Ковид-19.

Според новите правила од вчера од 21 часот влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување на еден од три сертификати односно пропусници.

Граѓаните кои сакаат да влезат можат да го сторат тоа со сертификат за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19. За влез може да се приложи и потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од PCR, не постар од 72 часа. Влезот е овозможен и со брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.

„Ова не се однесува на лица под 18 години. Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување , стои во изветсувањето од ТАВ Македонија.