Јас да бев Словенија, Романија, Бугарија, Србија и Австрија, првиот момент кога ќе прочитав дека највисоката власт отишла на одмор, ќе се спакував и ќе си заминев, напиша на свохот Фејсбук профил новинарот Огнен Јанески.

Во продолжение го пренесуваме неговиот ФБ статус во целост:

Тоа што сте се вратиле порано и сте си го ,,прекинале предвреме” одморот не ве вади од себичноста и ароганцијата. Пази Бога ти, па уште ,,… предвреме го прекинаа летниот одмор.”.

Па тој не требаше ни да започне, ни во лудило. Тоа ви е работа, за тоа сте платени. Ако вака се однесуваа медицинските работници за време на пандемијата, каде ќе ни беше крајот? Ама, пак, тие имаа желба да одат на одмор, но, не им дозволивте. Исто како што ние вам не ви дозволивме да ,,уживкате во одморот”. Оти има внатрешен порив за сечија професија, а вам изгледа тоа ви недостасува.

Јас да бев Словенија, Романија, Бугарија, Србија и Австрија, првиот момент кога ќе прочитав дека највисоката власт отишла на одмор, ќе се спакував и ќе си заминев. Ако главните не се тука да се грижат, зошто пак странците би се грижеле.

Ама, ете, им благодариме на сите наши пожарникари, сограѓан(к)и, АРМ, Шумски стопанства, доброволци, ЦУК, ДЗС и останатите, како и на сите странци (особено) за сета вложеност во справувањето со пожарите.

#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ❤❤❤