Пред две недели многу се пишуваше за наводниот немил настан кога Теа Таировиќ доживеала голема непријатност за време на снимањето на една емисија, поради што морала да го напушти шоуто.

Да потсетиме. За време на снимањето, Таировиќ наводно добила прашање од водителот дали експлицитното видео за кое наголемо се зборувало и помогнало во кариерата, на што таа одбила да одговори. Набргу потоа ја прашал дали може да биде со еден маж или мора да има двајца партнери, што целосно ја налутило.

Меѓутоа, сега се појавија нови тврдења, кои фрлаат сосема ново светло на настанот.

Имено, иако се шпекулираше дека нејзината мајка го нападнала водителот подоцна во гардероберот, денеска се појави извор кој тврди дека целиот скандал во емисијата бил однапред договорен помеѓу пејачката и водителот, но дека никој не ја известил мајката на Теа за тоа.

– Теа, кога го напушти шоуто и се беше готово, отиде во соблекувалната, каде што беше нејзината мајка, која вербално го нападна водителот. Тој и рекол дека се е наместено, но таа продолжила да вика. Во тој момент Теа излегла од соблекувалната и поминала покрај сите. Таа дури и не одговорила. Па луѓе, не и кажала на мајка и дека е наместена работа, жената не ни знаела за тој договор, а Теа глумела и пред мајка и. Страшно, изјавил соговорникот и разочаран фан на Теа.