Од сите емотивни врски на познатата српска фолк пејачка Милица Тодоровиќ (31), најдолга беше врската со кореографот Милош Пауновиќ, иако медиумите секако најмногу ја следеа онаа со актерот Петар Стругар. Пред и потоа имала уште некои врски. Иако поминаа повеќе од пет години заедно и практично беа на чекор до олтарот, сè се распадна за миг и ја изненади целата јавност.

Можеби не е толку чудно како раскинаа ако се потсетиме како се запознале. Не според тврдењата на медиумите и озборувањата, туку според тврдењата лично на нејзината колешка пејачката Андреа Демировиќ, Милица стапила во контакт со Милош додека тој се’ уште бил во брак со црногорската пејачка. Кога се дозна дека Милица и Милош почнале да се забавуваат, скршената Андреа дала шокантно интервју во кое и самата не можела да поверува што и се случува, бидејќи кореографот ја изневерил со Милица додека го чекала нивното дете.

„До раѓањето на нашето дете се чувствував среќна и сакана во врската со Милош, која траеше цели пет години. Тогаш, во најчувствителниот момент на секоја жена, еден месец по породувањето, дознав дека долг период, кој ги вклучуваше и деветте месеци од мојата бременост, живеев во заблуда“.

Демировиќ, кој ја претставуваше Црна Гора на Евровизија во 2009 година, по овој скандал се повлече од јавноста и денес работи како професорка по солфеж во музичко училиште во Бар. Интересно, на Милош му требаа точно пет години да ја напушти Андреа, исто колку што и му требаа подоцна да раскине со Милица.