Млада девојка (24 години) утрово е спасена од брановите на реката Лим во Црна Гора, под пешачкиот мост Николјац-Ракоње во Бијело Поље. Откако пожарникарите ја извлекле со чамец, девојката во свесна состојба веднаш била пренесена во болница.

Од болницата за „Вијести“ информираат дека девојчето е во стабилна здравствена состојба.

„Околу 7 часот и 47 минути од Одделението за безбедност бевме известени дека млада жена се фрлила од мостот во Ракоње во Лим. Се приближивме до островче на Лим, каде телото беше исфрлено од водата и девојката беше закачена за гранки. Била трезна, свесна и во преговори се договорила да ја превезат до плажата на Сињавац, а оттаму ја презела итната помош“, информираат за „Вијести“ од Службата за заштита и спасување од каде забележуваат дека седум пожарникари со две возила и еден чамец за спасување учествувале во операцијата.