Култната фотографија од Софија Лорен на која, се чини, љубоморно ги гледа бујните гради на Џејнд Менсфилд, настанала во далечната 1957 година. Меѓутоа, вистинската приказна зад оваа фотографија е многу поинаква.

Софија Лорен во 1957 година била ѕвезда во подем, а тоа кулминирало кога во 1955 година била прогласена за најфотографирана актерка на Канскиот фестивал.

Две години подоцна била организирана забава на Беверли Хилс со која Софија конечно и официјално била примена во гламурозниот Холивуд. Сè било навидум совршен, а потоа Џејн Менсфилд влегла во кадар и ја исфрлила Софија од прв план!

Тогаш настанала и култната фотографија на која била забележана љубомората на најубавата жена на светот, но што вели Софија? Кои емоции биле во игра кога „штракнал“ апаратот?

www.rarehistoricalphotos.com

„’Парамаунт’ таа вечер организираше забава во моја чест. Сите големи актерски имиња беа таму, што беше неверојатно. И тогаш, последна се појавува Џејн Менсфилд. Знаеше дека сите очи се вперени во неа. Дојде директно на мојата маса. А потоа седна. Погледнете ја фотографијата и самите, па кажете ми каде ми заталкал погледот? Точно, на нејзините брадавици, но само затоа што се исплашив дека ќе завршат на мојата чинија! На моето лице се гледа страв! Се плашев дека сè што има во нејзиниот фустан ќе експлодира и ќе заврши на мојата маса“, објаснила своевремено познатата Софија Лорен.

Како што подоцна самата додала, иако потоа настанале неколку фотографии на кои двете диви навидум се забавуваат, Софија тврди дека цело време размислувала за провокативниот фустан на Џејн Менсфилд.

www.rarehistoricalphotos.com

„Има уште фотографии, но само таа објаснува што навистина се случуваше во тие моменти. Многупати, кога ми имаат барано автограм, ме замолувале да се потпишам токму на таа фотографија. Секогаш сум одбивала и секогаш ќе одбивам. Не сакам да имам ништо со тоа. Исто така, одбивам и од почит кон Џејн, која не е повеќе со нас“, заклучила Софија Лорен.

Фустанот на Џејн Менсфилд од 1957 година е на листата на „најскандалозни фустани во историјата“ според Harper’s Bazaar.

Џејн Менсфилд, која почина прерано на 34 години, покрај статусот на секс-симбол во 1950-тите и раните 1960-ти години, имала и неколку успешни филмови, како и награда Златен глобус за глумата.

Славната и сакана русокоса загинала во сообраќајна несреќа на патот до Њу Орлеанс. Животот го изгубиле нејзиниот адвокат и пријател Сем Броди и возачот Рони Харисон, додека децата Миклос, Золтан и Маришка, поминале со помали повреди.

📸