Објавен е инфографик кој покажува колку заработуваат најпознатите „тиктокери“. Прикажани се проценетите износи по спонзорирана објава во 2022 година.

19-годишната Чарли Д’Амелио (Charli D’Amelio), која ја следат 151,1 милион луѓе на TikTok, заработува 105.770 долари по објава. Потоа следува Каби Ламе (Khaby Lame), кој стана најследен „тиктокер“ минатата година.

На социјалната мрежа го следат 161,7 милиони луѓе, а минатата година заработил приближно 92.270 долари по објава. На третото место е 26-годишната Бела Поарч, чија заработка во 2022 година била 66.830 долари по објава.

Познатиот турски готвач Бурак Оздемир е на 12-тто место со заработка од 38.140 долари по објава.