Голем пожар вечерва изби во Сарај. Гори бандера, а според видеото зафатен е и објект односно влез на плац за градежни работи.
На терен се граѓани кои се обидуваат да го изгасат пожарот, но пристигнаа и екипи на противпожарната екипа.
Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Засега непознати се причините за пожарот.