Тешка сообраќајна несреќа се случила на булеварот „Партизанска“ во Штип. Несреќата се случила меѓу две возила марка „пежо” и „фиат”.
Според првичните информации од страна на портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, повредено е едно лице. Повредениот е 51-годишниот возач од Скопје и е хоспитализиран во Клиничката болница – Штип.
Во тек е увид од страна на истражните органи. Во меѓувреме, попладнево локалната Телевизија Стар објави снимка од сообраќајната несреќа снимена од надзорна камера. Во еден од коментарите под видеото се вели:
– Пикапот брзо возел се гледа на снимката, колата не внимава на знакот стоп и секако вината ќе ја сноси за оваа собраќајна несреќа. Голема трагедија за влакно е избегната среќа што пикапот дирекно не се заби во колата внатре малолетното дете и жената што возеше Господ ги чувал голема среќа е што нема жртви овде…
Во друг коментар пак се додава дека ако некој е виновен во оваа ситуација, тогаш е возачот на автомобилот, а не на пикапот.
– ВОЗАЧОТ НА КОЛАТА Е ВИНОВЕН !!! Возачот на пикапот е само колатеранта штета -НЕ е виновен за ништо !! Имено никој не може да каже со колкава брзина се движел…
Погледнете ја снимката во продолжение: