Трагичен настан се случи утрово во тетовското село Селце. Четириесет и петгодишниот У.Д., кој три години беше во психијатриската болница во Скопје, откако пред месец дена бил пуштен дома, денеска околу осум часот наутро ја нападнал својата мајка, 73-годишна. Н.Д., со секира со која живееле сами во семејниот дом.
– Според очевидци, У.Д. откако го извршил убиството, целосно отсекувајќи ја главата на мајка си, го зема истото и го испраќа во селската продавница. Случајот е пријавен во полиција и лицето е лишен од слобода, објави Алсат телевизија.
Во моментот во селото Селце во семејната куќа каде што се случи трагедијата, истрага се води од обвинителството и полицијата, и се работи на целосно расчистување на случајот.