Оваа пензионерка од Флорида, за малку ќе паднела во несвест кога во текот на проверката на состојбата на својата сметка на банкомат, открила дека има 8.5 милиони долари.
Дајана Лагуили пронашла мултимилионски износ на својата сметка, но веднаш нешто ѝ било сомнително.
Кога се јавила во банката, сфатила дека станува збор за грешка. Имено, во рок од 12 часа таа добила известување на телефон дека погрешно уплатената сума пари е повлечена од нејзината сметка.