ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска, гледачите секој работен ден ја следат како домаќинка на популарното шоу за готвење каде е заедно пред камерите со шефовите Никола и Бобан.
Оние кои се во трка со времето и снаодливоста во кујната, се учесниците и шефовите, додека Сања е онаа која им сугерира за изминатите минути, а понекогаш и асистира во подготовката на спцецијалитетите.
„Брза кујна“ има осум сезони зад себе и е едно од најгледаните кулинарски шоуа во Македонија. Интерес за учество секогаш има, а фановите се во редовна интеракција со одговорните од шоуто преку социјалните мрежи.
Па така, деновиве на Фејсбук осамна објава, односно барање на сугестија од „Брза кујна“ за засипнатото грло на водителката.
Одговори со решение во коментари имаше до недоглед, а верните фанови се покрижија преку народни лекови, од мешпавини со сол, ракија, шеќер и што ли уште не да и го најдат чарето на Сања.
Проблемот на Сања веројатно е решен, но следбениците имаа и сугестија за промени во поглед на униформата на асистентите, однопсно освен престилка, да носат и горватски шапки, а да не бидат со пуштени коси.
Барањата беа обострани, фановите ги исоолнија за лекот за Сања, а дали ќе го прифатат брањето од другата страна останува да видиме…