Во Нови Сад во населбата Грбавица синоќа околу 22 часот е убиена четириесетгодишната Бранка П. Ја убил нејзиниот педесет и деветгодишен невенчан сопруг во стан на улицата Војвоѓанска, кога ѝ нанел повеќе убодни рани со ладно оружје.
Засега не се познати околностите на убиството, како и дали жената претходно била жртва на насилство. Убиецот веднаш бил уапсен и приведен во полициска станица.
Екипи на полицијата и крим-техника извршија увид на местото на настанот. Како што објавија српските медиуми, делото го пријавило нивното шестгодишно дете.