Полуостровот Алјаска доцна синоќа беше погоден од силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Поради јачината на земјотресот во земјата одекнуваат сирени како предупредување од можност копното да биде погодено од цунами.
Земјотрес се случил во 22:48 часот по локално време, на околу 89 километри југозападно од малиот град Сенд Поинт.
Националниот центар за предупредување од цунами во Палмер, Алјаска соопшти алармот за можно цунами е на сила за јужна Алјакса и полуостровот Алјаска.
Алјаска е дел од сеизмички активниот огнен прстен на Пацификот.
Алјаска беше погодена од земјотрес со јачина од 9,2 степени во март 1964 година, најсилниот досега регистриран во Северна Америка. Го опустоши Енкориџ и предизвика цунами што ги погоди Заливот на Алјаска, западниот брег на САД и Хаваите. Во земјотресот и цунамито загинаа повеќе од 250 луѓе.
#Tsunami warning issued for parts of #Alaska after 7.3 #earthquake #Alert pic.twitter.com/9V9WgqsMdk
— sudhakar (@naidusudhakar) July 16, 2023
Alaska Tsunami
#deprem #earthquake #alaska #tusunami #tsunami #sirens pic.twitter.com/qaHPIM8dtn— Ozan.21 (@Ozan_krc21) July 16, 2023