Нуклеарната централа во Чернобил е заземена од руските сили, изјави советникот на претседателската канцеларија на Украина, Михаило Подољак.
„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислениот напад од Русите“, рече тој.
„Ова е една од најсериозните закани во Европа денес“, рече Подољак, пренесе Ројтерс.
„По жестока битка, украинската контрола над локацијата во Чернобил е изгубена. Состојбата на поранешната нуклеарна централа во Чернобил, спречувањето протекување и капацитетите за складирање нуклеарен отпад не е позната“, рече Подолјак, советник на шефот на централата во Чернобил.
Russian soldiers near Chernobyl nuclear power facility #ukraine #war pic.twitter.com/tJYbqHkNQK
— Ted K (@Ted_Kac) February 24, 2022