Партијата Алтернатива одлучи да влезе во актуелната влада предводена од СДСМ и ДУИ.

„Имаше седница на Централното собрание на Алтернатива. Се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а Гаши ги информираше сите за преговорите и превземените одбори. Централното собрание одлучи со мнозинство гласови одлучи да се приклучи на актуелната Владата“, рече Муртезини.

Тој кажа дека пред сѐ причини се почетокот на преговорите со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија. Договор имало и за меѓународен мониторинг за „Монструм“, прегазувањето на Алмир Алиу и така натаму.

„Постигнувањето на овие договори е победа за Албанците во Македонија, партијата и Македонија. Алтернатива успеа да докаже дека таа не е декор“, рече тој.

Ќе се превземат значајни обврски за здравството, но и поддршка на животот во државата.