Водителот Огњен Амиџиќ ја откри вистината зошто популарната пејачка Светлана Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија не беа гости во неговата авторска емисија.
Популарниот водител Огњен Амиџиќ во својата авторска емисија беше домаќин на бројни познати личности од регионот. Меѓутоа, Светлана Ражнатовиќ и нејзината наследничка Анастасија досега не се појавија во неа, а популарниот водител откри што се крие зад ова, нагласувајќи дека навистина не знае за што станува збор.
– Треба да ги прашате тоа нив, искрено не знам. Имаше приказна дека треба да дојде, остана дека ќе се слушаме и ќе се договориме, но после тоа, искрено, не се слушнавме. Нема проблеми од моја страна, треба да ги прашате, изјави водителот за Телеграф.
Не знаеме дали има кавги или непријателство кон познатиот водител од Цеца и Анастасија, но тешко е се да поверуваме дека најголемата балканска ѕвезда и нејзината исто така многу популарна ќерка не биле гости во најпопуларното ток шоу, во кое може да се видат некои од најголемите имиња во регионот. Во овој поглед, можеме да почувствуваме дека сепак постои некаков проблем … коментираат српските медиуми.
Покрај тоа, Огњен Амиџиќ откри дали е задоволен од досега постигнатото, а и како се чувствува по успешното завршување на шоуто.
– Тоа е составен дел од работата, не е секогаш доволно добро, би сакал да биде подобро. Понекогаш е одлично, понекогаш нешто неочекувано излегува добро. Многу работи се случуваат. Сите емисии се во живо, 95% од емисиите што ги правам одат во живо, а потоа, за време на шоуто, некој се вознемирува, добива информации, кажува нешто погрешно, понекогаш не сум доволно расположен и не се исористува ситуацијата на најдобар можен начин за добра атмосфера. Тоа се стапици, особено кога се оди во живо – рече популарниот водител, кој со нетрпение ја очекува новата сезона на авторското шоу.