Додека германските работодавци бараат стотици илјади работници и во Македонија стигнуваат најразлични понуди за работа во Германија. Но оваа е една која со својата атрактивност и перспективност се издвојува пред другите. Познатиот франкфуртски аеродром ја објави својата намера да вработи луѓе од нашиот регион и така да го потполни својот тим.

Франкфуртскиот аеродром, најголем во Германија по обемот на остварен промет се наоѓа помеѓу првите пет најголеми во Европа, а и во светски рамки котира многу високо – тој е тринаесетти во светот по бројот на патници кои поминуваат преку него. Само за илустрација, минатата година преку овој аеродром поминале 64,5 милиони патници.

Но општо присутниот проблем со недостаток на работници не ја заобиколи ни компанијата Фрапорт која управува со франкфуртскиот аеродром. Според германските портали, на компанијата Фрапорт и нејзините сестрински фирми им недостигаат 2000 работници, односно од 20 000 работни места на аеродромот кои се потребни за нормално функционирање, секое десето е празно.

Како што наближува сезоната на годишните одмори, проблемот станува уште поголем, па Фрапорт одлучи да побара работници од Југоисточна Европа. Шефот на човечки ресурси на франкфурстскиот аеродром, Михаел Милер изјави дека сака директен контакт со работниците од Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија кои се заинтересирани за работа на аеродромот во Франкфурт. Напомена дека се потребни како стрични работници, така и работници за сервис на аеродромот.

До крајот на овој месец Фрапорт планира да је објави својата понуда за работа, очекувајќи од кандидатите да имаат основно познавање на германски или англиски јазик. Планираат оваа година да вработат стотина работници, а наредната многу повеќе.

Што им нуди Фрапорт на работниците ?

За позициите за кои не се бара посебна стручна спрема, како што е носење на патничкиот багаж, Фрапорт е спремен да плати од 25 до 30 000 евра годишно во бруто износ. Оваа заработка би била повисока од минималната заработувачка во Германија, па Михаел Милер го потенцираше тоа и кажа дека компанијата е спремна на работниците да им обезбеди платен смештај. Тоа за идните работници е многу значајно имајќи во предвид дека ценовите на становите во Франкфурт и околината се премногу високи.

На фарнкфуртскиот аеродром оперираат и други фирми, така да на аеродомот има повеќе од 80 000 вработени.

Исто така Михаел Милер изјави дека не планираат да вработуваат сезонски работници, туку со платата, обезбедениот смештај и другите погодности да привлечат и задржат работници на подолг период. Така Фраборт би помогнала и околу доаѓањето на семејствата на своите вработени.