Синоќа се случи вооружена престрелка во скопската населба Чаир, при што едно лице го загуби животот, а уште две беа повредени.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на инцидентот, по што издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти.

Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe.​​