Екс специјалната обвинителка Катица Јанева искористи празничен викенд за Велигденските празници. Излезена е од затворот Идризово каде ја издржува затворската казна, а Телма ја улови како пазарува во еден од скопските маркети.

Од Управата за извршување санкции изјавиле дека Јанева ја добила оваа погодност на 23 април, а синоќа имала обврска да се врати во Идризово.

Оваа мерка и следува по закон кој дозволува отпус на затвореници после одлежана една третина од затворската казна, која за Јанева беше досудена на 7 години.

Прв пат ваква мерка Јанева користеше за новогодишните празници, а до сега добила уште еден излез на 7 часа во февруари годинава, јавува ТВ Телма.