Олга Жаркова (34) и нејзините два сина, на возраст од три години и бебе старно само еден месец, починаа откако паднаа од стан од 19 -ти кат во Москва, каде детективите започнаа истрага.
Сомнежите се дека мајката на две деца страдала од акутна постпородилна депресија пред да си го одземе својот и животот и животот на своите деца скокајќи од станот, пишува Мирор.
Наводно, Жаркова, сопруга на руски воен офицер, напишала порака во која вели дека не сака да ги остави своите деца во овој „суров, мрачен свет“ и ги држела во раце кога скокнала во смрт.
– Таа се пожалила на своите познаници дека има постпородилна депресија. Се чувствуваше осамено и уморно, изјави полициски извор за Комсомолскаја правда.
Нејзиниот сопруг Дмитриј (35) примил средства за смирување кога пристигнал на местото на настанот. Олга се пожали дека нејзиниот сопруг честопати бил отсутен долго време од дома поради неговите работни обврски.
Рускиот истражен комитет отвори истрага за настанот. Според извештаите, ќе се спроведе „пост-смртна психијатриска анализа“.