Ненадејно почина Ана Булатовиќ, ќерка на убиениот Бранко Бата Булатовиќ, поранешен генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија и Црна Гора.

Според првите информации кои ги објавуваат медиумите, таа починала на 39 -годишна возраст, како последица од срцев удар.

Пријателите се збогуваат со Ана на социјалните мрежи. Оваа тажна вест погоди многумина, а многу пријатели се збогуваат со неа на социјалните мрежи, а меѓу нив е и водителката Маријана Мишиќ.

– Анчи моја. Спиј. Те гушкам, те сакам, те сакам засекогаш …, напиша таа во описот на нивната заедничка фотографија.

Инаку, Маријана и Ана беа пријателки од основно училиште и се дружеа многу години. Во последниве години, Булатовиќ работеше како шминкерка на снимање филмови и серии, а оние што ја познаваа истакнуваат дека е прекрасна и фина личност.

– Беше прекрасна, последниве години работеше како шминкерка, рече познаничка на покојната Ана Булатовиќ.

Да потсетиме, нејзиниот татко Бата ​​Булатовиќ беше убиен на 24 март 2004 година пред просториите на Фудбалскиот сојуз на 54 годишна возраст.

Атентатот врз Булатовиќ беше извршен околу 10:30 часот кобното утро, а потоа итно бил пренесен во Ургентниот центар. Лекарите се бореа за неговиот живот во текот на денот, но тој им подлегна на повредите. Неговото убиство не е решено до денес, потсетува Нова.рс.