Џејла Рамовиќ (20) победничката на „Ѕвездите на Гранд“ оперирала здравствен проблем кој го имала подолго време.

Деталите за истото никогаш не ги објави во јавноста, а на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа како изгледа сега.

– Зад сцената, во секоја смисла. Решив проблем што го влечкам со години наназад. Операција на коленото – завршено! – напиша Џејла Рамовиќ на Инстаграм.

– Жива сум, здрава сум и закрепнувањето ми напредува одлично! Следната година „Survivor“! додаде таа во свој стил.

📸