Горан Кнежевиќ доцна синоќа во Загреб со секира ги нападнал поранешната сопруга (41) и дете (2), а потоа побегнал. Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб.
Нападнатата се здобила со тешки повреди на главата и мозокот и се наоѓа на Одделот за интензивна нега. Иако операцијата била успешна, нејзиниот живот се уште е во опасност, пренесува RTL.
Тој се самоуби
Итна помош синоќа ја донела мајката во болницата во Дубрава, а детето во КБЦ Загреб на итен прием. РТЛ неофицијално дознава дека лекарите со часови се бореле за животот на детето, се обидувале да го оживеат, но не успеале.
За тоа време телото на сторителот, кој, како што информира полицијата, извршил самоубиство, било пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе има вештачење кое треба да покаже дали бил под дејство на опијати.
Во кома
Неврохирург од болницата во денешното интервју за Н1 изјави дека жената која синоќа за малку ќе ја убиеше маж во загрепско Козари е сместена на одделението за интензивна нега и е седатирана, односно е во медицински индуцирана кома.
– Синоќа била донесена со Итна помош и веднаш била упатена на итна операција која поминала добро, без никакви компликации и траела неколку часа. Станува збор за сериозни повреди опасни по живот. Прерано е да се каже какви ќе бидат последиците. Сега е на машини и се спроведуваат сите методи на интензивно лекување – рече тој.
На прашањето дали е шокиран од нејзините повреди, тој рече дека колегите кои ја примиле синоќа пријавиле дека повредите биле брутални.