Момче по име Душан, кое има само три години, вечерва се изгубило на концерт на Ушче во рамките на фестивалот „Недела на музика“, објавија српските медиуми.
Организаторот го прекина концертот со детето во раце и од бината ги повика родителите на исчезнатото дете да дојдат зад бината, каде што ќе ги чека изгубеното дете.
Како што дознаваме, поради брзата реакција на организаторите, родителите набрзо биле пронајдени и детето им било предадено.