Во 84-та година од животот, во Охрид почина професорот по физичка култура и истакнат спортски работник Миодраг (Миле) Христовски.
Миле Христовски беше пасиониран вљубеник во спортот, ентузијаст, непрегорен спортски работник. Остави белег во охридската кошарка, неизмерно ја сакаше атлетиката. Активно се занимаваше со спорт до крајот на животот.
Охриѓани ќе го паметат по неговиот ведар дух и спортското тело кое го одржуваше возејќи велосипед, трчајќи или вежбајќи, речиси секојдневно.