Нов сој на коронавирус се појави во Франција, кој содржи промени кои им сугерираат на експертите дека може да стане загрижувачки како делта и други попознати варијанти на ковид.

Најновиот вид на коронавирус се нарекува B.1.640 и има изразени промени во протеинот на шилците. Според првите наоди, му недостига дел од протеинот шилец што вирусот обично го користи за да влезе во човечките клетки и да ја шири инфекцијата низ телото.

Новиот вид е различен од претходните, па на експертите им требало време да го откријат. Сè уште не е јасно дали овој вид е повеќе или помалку заразен од претходните варијанти.

Досега од овој вид се заразени вкупно 24 лица, од кои осумнаесет се деца од исто училиште, но и шест возрасни лица кои биле во контакт со децата. Наводно, сојот бил откриен кај оние кои се заразиле кон средината на минатиот месец.