„Душо моја, нека драгиот Алах те однесе во прекрасен рај. Додека чука моето срце, тоа ќе чука за тебе, спиј ми убаво. Твојот Бабо те сака многу“. Ова го напиша Мурис Гаџун, таткото на починатото девојче Џена Гаџун, кое почина во неделата.
Како што е веќе познато девојчето е оперирано во приватна клиника во Сараево. Состојбата и се искомплицирала и со Брза помош била префрлена во КЦУС.
За жал, немало спас.
Во меѓувреме полицијата, обвинителството и увидот ги утврдуваат сите околности кои довеле до оваа голема трагедија. Паралелно со истрагата, граѓаните организираат протести, кои веќе се одржаа во Сараево.
Погребот на девојчето ќе биде утре во Горњи Лучани кај Какањ, пишува Аваз.
На девојчето му беше вграден имплант во окото, кое телото не ја примило, а по зафатот со цел отстранување на имплантот кој го извела д-р Нина Јовановиќ, која немала лиценца од Лекарската комора, Џена не се разбудила од кома, па во тешка состојба беше префрлена на КЦУС.
Босанските медиуми информираат и дека апаратите во клиниката каде девојчето беше оперирано не биле законски верифицирани.
Овој случај веројатно ќе има судска разврска, со оглед на тоа што родителите ангажирале адвокат преку кој се обидуваат да утврдат кој е виновен за тоа што му се случи на двегодишното девојче.