Ракометарот на РК Бутел, Денис Тот почина попладнево на скопските клиники.

И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27-годишниот ракометар од Хрватска.

Во медиумите доцна синоќа беше објавена информација дека Тот бил физички нападнат и со тешки повреди, бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Од МВР потоа се огласија дека Денис бил донесен во болница без траги на насилство.

Неговиот брат, Борис, кој исто така е ракометар и настапува во Холандија вечерва на Фејсбук ја откри причината за смртта на Денис. Младиот ракометар починал од срцев удар!

„Им благодарам многу на господата новинари за нивната „професионална“ работа. Може само да се срамите од ширење дезинформации во јавноста и ширење лаги за собирање кликови. Денис почина од срцев удар, а не од некакви телесни повреди, тепачки и други глупости што се пишуваа цел ден. Срам да ви е да градите публицитет на туѓа несреќа“ – напиша тој.