Познатата српска инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ еднаш веќе се обидела да крене рака на себе пред околу една година, обидувајќи се да скокне од мост.

Но, таа била спречена во тоа, дознава Објектив.рс од извор близок на трагично загинатата „јутјуберка“.

Да потсетиме, Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот пред два дена во изнајмен стан во центарот на Белград. Кристина се бореше со насилството на социјалните мрежи, а трагичната вест шокираше многумина.

Претходно беше објавено дека во просторијата биле пронајдени одредени супстанци, но како што се дознава од извори блиски до починатото девојче, токму оваа комбинација била кобна за „јутјуберката“.

Познатата инфлуенсерка за чија трагедија се потресе цела Србија, си го одзела животот со предозирање со бенседини и екстази, дознава Објектив.

Таа беше една од омилените српски гејмерки, јутјуберки и инфлуенсерки кај помладата популација. Таа е родена во Белград, имала само 21 година.

По четири часа распит, Бака Прасе ослободен од полицијата

Богдан Илиќ, во јавноста познат како Бака Прасе, нешто пред 21 часот бил ослободен од полициската станица каде дал изјава за сите познати околности во врска со смртта на Кристина Ѓукиќ, која на социјалните мрежи го користеше прекарот Кика.

Како што објавија српските медиуми, Илиќ ја напуштил полициската станица криејќи го лицето со качулката од јакната и веднаш влегол во својот автомобил.

Младата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ изврши самоубиство поради долгогодишното злоставување кое го трпела на социјалните мрежи.