Банди провалници продолжуваат со својата „работа“ на популарниот грчки остров Миконос и покрај зајакнувањето на полициските сили. Дрските крадци удираат дење и ноќе по одбрани цели.
Тие знаат од своите доушници кои туристи се „натоварени“ со накит, злато и кеш. Внимателно се следат и кога ги напуштаат своите вили или хотелски соби, крадците грабаат сè што им е на повидок, од злато и накит до готовина, па дури и нивните пасоши и возачки дозволи.
Нивни жртви минатата година тројца албански туристи кои дошле на неколкудневен одмор на Миконос. Тие резервирале апартман во луксузен хотел во месноста Плиндри кога во раните утрински часови минатата недела, на 24 јули, непознати лица упаднале во нивната соба преку балконската врата со помош на бормашина.
На првата албанска туристка, како што пријавила во полиција, ѝ одзеле злато со вкупна вредност од 17.100 евра, пасошот и возачката дозвола.
Од нејзината сестра биле одземени предмети и накит во вредност од 18.400 евра, како и пасошот. Од нејзиното момче биле земени предмети и злато вредни 10.000 евра, како и неговиот пасош.
Грчките медиуми објавуваат дека пасошите што крадците им ги земаат на туристите завршуваат на црниот пазар, купени од лица организатори за криумчарење мигранти и препродавани на мигранти.