Смртта на 16-годишната девојка од Ореокастро, Солун, која почина на Халкидики во раните утрински часови во средата по оброкот со другарките во ресторан, била предизвикана од аспирација на регургитирана гастрична содржина.
Според информациите, горенаведеното го потврдува и вештачењето извршено врз телото на несреќната девојка, додека се очекуваат и резултатите од лабораториските испитувања кои ќе фрлат повеќе „светла“ на околностите на смртта.
Се потсетува дека, според семејството на несреќната Димитра, 16-годишната девојка била нетолерантна на лактоза и алергична на млечни производи, додека проценуваат дека доживеала алергиски шок непосредно откако јадела хот-дог во ресторан на Халкидики.
Во меѓувреме, во изјава за грчките медиуми, сопственикот на ресторанот што 16-годишната девојка го посетила рано во средата со своето друштво за да јаде, нагласува дека несреќната девојка кога нарачала воопшто не спомнала дека е алергична на одредени производи.
„Лага се шири дека детето починало во нашиот ресторан. Дознавме дека потоа девојката отишла на пијалок и на крајот починала на 2 километри од нас, пред друг ресторан и по извесно време. Според мојот вработен, таа не ѝ поставила на келнерката која и ја примила нарачката никакви конкретни прашања за храната. Да не’ информираше за алергија, ќе ги проверевме сите етикети на производите“, нагласува тој.
Тој додава дека девојката нарачала и изела хот дог без сенф, додека воопшто не пријавила алергии.