Отворањето на 33-тите Олимписки игри делува спектакуларно. Во водите на реката Сена во Париз, качени на бродови пловат спортистите кои ќе бидат дел од најголемиот планетарен собир.

Се делува перфектно, но спортскиот новинар од Албанија, Ермал Кука јавува за скандал и пропуст на албанската делегација, а се е поврзано со знамето кое се појави на дефилето на отворањето.

„Ова е неверојатно, апсурдно и срамота! Албанија на церемонијата на отворањето на Олимписките игри преставена е со едно лажно албанско знаме кое може да се купи во најевтините продавници, а не со официјалното знаме“, напиша албанскиот спортски новинар Кука на социјалната мрежа „Х“.