Кадрим Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за телевизија Алсат даде интервју во кое вели да не се злоупотребува настанот.

Алсат: Бесар, може да ни кажеш како ја дозна горчливата вест за смртта на твојот татко?

„Јас секое утро станувам и го будам татко ми. Со утрински аларм станувам, татко ми има исклучен телефон. Читам по портали и од тој момент разбрав дека во несреќата е и татко ми. Од тој момент јас тргнав за Бугарија. Отидовме директно во болница, не можеше да се оди по автопат ниту да се доближиш. Кај болницата, само сакав да видам дали е жив или не. Ништо повеќе. Како и сите други кои имаа своја тага, ги разбирам сите нив, никому не му е лесно. Никој не сакаше да се случи ова. Вака е пишано од Бога. Во болница ми дадоа листа да видам дали е татко ми на листа или не, тие од преживеаните. Ја видов листата, татко ми не беше на листата. Со тоа што не е во листата, разбрав дека починал. Јас од таму тргнав кон дома. Тоа е се. Апелирам сите што го злоупотребуваат овој настан, ние сме во тага. Не пишувајте, не коментирајте и да давате неточни заклучоци. Се пишува дека јас сум бил и сум идентификувал дека татко ми е, дека тој спиел на местото за одмор на возачите. Тоа никој не го знае. Знае само Бог. Ова се дезинформации. Апелирам да не пишувате неточни работи. Ние сме во тага.

Секој роднина кој загубил свој близок, и јас го изгубив родителот. Сега сум сам….

Алсат: Дали колегите ви го донесоа аманетот на твојот татко?

„Не можеа да го донесат аманетот на мојот татко. Но јас го направив своето. Еве, тука е последниот разговор со мојот татко. Требаше да донесе велосипед за мојата мала ќерка. Татко ми ми побара заедничка слика од мене и ќерката. Јас му испратив слика со ќерката. Еве ја сликата, јас и мојата ќерка, ако може да фати камерата….јас му реков ако може, ќерката бара на слика да го види велосипедот. Еве последната слика од мојот татко со велосипедот. Но не стигна кај мене ништо. Јас аманетот го спроведов, на ќерката сам и купив велосипед“.