Холивудскиот актер Роберт де Ниро се соочува со семејна трагедија, бидејќи на 19-годишна возраст почина неговиот внук Леандро Де Ниро Родригез. Како што изјавил извор за Дејли Мејл, покрај него, на чинија, бил пронајден бел прав.
Леонардо бил пронајден како седи на стол во неговиот еднособен стан вреден 950.000 долари, без знаци на насилство.
Имено, ќерката на познатиот актер Дрен Де Ниро објави фотографија од младиот човек на Инстаграм со емотивна порака.
– Мојот прекрасен ангел. Те сакав без зборови и описи од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост и моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Посакувам да бев со тебе. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ги чувствував поради тебе, бидејќи јас бев твоја мајка. Беше толку сакан и ценет, и посакувам љубовта да можеше да те спаси. Многу ми е жал душо. Почивај во мир и во рај драго мое момче – се вели во објавата.