Навивачите на московски Спартак деновиве изненаија со пораката.

Тие направија графит „No War“, со што јасно покажаа дека се противат на руската инвазија на Украина. Нивната порака е изненадувачка со оглед на тоа што се знае дека се националистички ориентирани.

Овој графит секако не им се допадна на руските власти, со оглед на тоа што тие жестоко одговорија на сите антивоени демонстрации во последните недели.

Останува нејасно дали клубот стои зад ваквата порака, посебно што сопственикот на клубот Леонид Федун изјави дека го загубил речиси целото свое богатство поради меѓународните санкции.

На 23 март, извршниот комитет на РФУ одржа состанок на кој членовите разговараа за постоечките проблеми. Според Владимир Афанасиев, член на извршниот комитет на Рускиот фудбалски сојуз (РФУ), Леонид Федун рекол дека се нашол во тешка ситуација и изгубил 99% од своето богатство.