Тајван денеска го погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американскиот геолошки институт.Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, јавува Ројтерс.

Потресот е регистриран во четвртокот во 23:36 часот по Гринич, 44 километри југоисточно од градот Хенгчун.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Тајван се наоѓа во сеизмички активна зона позната како „Огнен прстен“, кој редовно е погоден од силни земјотреси.