На социјалните мрежи со недели се споделува видео од жена по име Амбер Рајт како го гушка својот 16-годишен син Брикстон по неизвесен фудбалски натпревар во Јута.
Имено, како што може да се види на видеото кое сега има над девет милиони прегледи, мајката после натпреварот силно го прегрнала својот син и ги обвила нозете околу него. Видеото брзо доби илјадници коментари од корисниците на социјалните мрежи кои ја обвинија за тотално недолично однесување.
„Ах, ти си една од „оние“ мајки“, „Не е проблемот прегратката, туку твоите нозе. ТРебаше да останат на земја, „Маајката сака да биде тинејџерка“, „Ова е толку погрешно, кутро дете“, „Неговата идна девојка нема да има шанса покрај оваа жена“, „Прегратките се најмалиот проблем, оваа облека е тотално несоодветна за средношколска игра“, се само некои од илјадниците коментари и критики. Некои дури се обидоа да ја одбранат Амбер.
„Година дена го немам видено син ми затоа што е во војска. И мојата прегратка ќе биде ваква“, „Интернетот е болен и расипува се“, „Не гледам ништо чудно овде освен родителска љубов“, мислеа другите.
Како што подоцна објасни Амбер, Брикстон го загубил својот татко од алкохолизам кога имал 15 години, а контроверзниот натпревар бил првпат младиот спортист да го облече дресот со број 44 на теренот, што го претставува датумот на смртта на неговиот татко (4 април).
Но, за многумина ниту тоа не го оправда нејзиното однесување, па дури и нејзиниот син се обиде да ја одбрани под изданието.
“ОСтавете ја мајка ми на мира. Таа никогаш не ме малтретирала, не правела ништо сексуално со мене или моите пријатели… Таа е мојата мајка. Таа е мојот херој”, напишал 16-годишникот. Наскоро се огласи и самата Амбер.
„Ако сте еден од луѓето кои случајно гледаат во ова нешто неморално или сексуално , тогаш само ќе кажам дека тоа е ваша одговорност“, коментира самохраната мајка. Заклучила дека е само „горда мајка која го гушка своето дете“.