Најмалку четири загинати лица е досега вкупниот биланс, во пукање врз автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина.

Возачот и кондуктерот на автобусот загинале на лице место, а подоцна на повредите им подлегнале двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години.

Косовските медиуми јавуваат дека кон автобусот пукале повеќе маскирани лица со автоматско оружје, поточно калашникови.

-Според информациите со кои располагаме има сомнеж дека дошло до пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопшти полицијата од Пеќ.

Досега се идентификувани три убиени лица и тоа возачот Гани Ѓокај и учениците од селото Глоѓана Љ.Х.(18) и Г.М.(17).

Од полицијата за Газета Експрес потврдиле дека автобусот сообраќал на линија Ѓаковица-Дечани.

За порталот РТВ21, портпаролот на полицијата на Пеќ, Фадил Гаши изјави дека настанот се случил околу 19 часот, додека портпаролот на обвинителството, Шкодран Никчи изјави дека на местото на настанот излегол притворскиот обвинител.