Канадската фудбалска репрезентација по втор пат во историјата се пласираше на Светското првенство.

Пласманот Канаѓаните го обезбедија со убедливата победа над Јамајка (4:0) и пред крајот на колото имаат недостижна предност пред четвртопласираната Костарика. На Канаѓаните речиси сигурно ќе им се придружат Американците и Мексиканците, а Костарика ќе продолжи да се квалификува.

Интересно, Канаѓаните ќе имаат свој меч на Мундијалот. Тоа е симбол на „новата Канада“, како што објасни нивниот тренер Џон Хердман. „Им кажав на момчињата дека секогаш имавме штит, а сега направивме меч со латински натпис „Nihil timendum“ што значи „Не плаши се од ништо“. Тоа е симбол на новата Канада. Тоа е ставот со кој играме.Таа порака оди и до другите репрезентации“, рече Хердман, цитиран од канадскиот CBC.

Канадскиот меч не смееше да влезе во Костарика, со која играа минатата недела. Имено, локалната царина го запленила и подоцна им го вратила. Без својот меч Канаѓаните не победија, но на крајот сепак се пласираа на Мундијалот. Секако, селекторот најави дека мечот ќе го носи и во Катар.